8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста

Може да се каже дека со денешниот начин на живот, за жал стресот и анксиозноста се неизбежни. Често пати слушаме дека стресот го нарекуваат „болест“ на модерното време, што донекаде е и точно. Свесни за сето тоа, истражувавме и баравме решенија кои помагаат, па во оваа прилика ќе ве информираме како да се справите со стресот и да си го подобрите квалитетот на својот живот, што е основа за „подобро утре“.

Советите кои ги споделуваме во текстов се едноставни, а мошне корисни. Освен што помагаат да се справите со стресот, исто така влијаат и за намалување на анксиозноста. Еве што советуваат експертите од оваа област.

Обрнете внимание на дишењето

Кога и да почувствувате дека ве обзема стрес или анксиозност, фокусирајте се да не останете без здив. Пробајте да земете воздух длабоко од дијафрагмата и потоа да го отпуштате полека, така што ќе го релаксирате телото. Кога и да сме стресени, нашиот здив станува краток, па наместо од дијафрагмата, вдишуваме од градниот кош. За да се опуштите и да се ослободите од стресот и анксиозноста, вашиот здив треба да биде длабок и од дијафрагмата. За да сте сигурни дека постапувате правилно, ставете ти рацете на стомакот и чувствувајте ги движењата при вдишување и издишување.

Пијте вода

Колку и да звучи вообичаено и дека нормално пиеме доволно вода, постои врска меѓу дехидратацијата и токсичните емоции, како се изразуваат при стрес и анксиозност. Така, ако немате навика да пиете вода, трудете се да се навикнете да пиете барем по неколку голтки на секој час.

Прошетајте

Ако имате парк во близина, користете го тој благодат секој ден. Дишете длабоко и опуштајте се. Дрвјата и природата даваат чувство на леснина. Дополнително, ако и партнерот обожава да шета, направете ја активноста заедно, ефектите ќе бидат уште подобри.

Медитирајте

Овој метод е одличен за ослободување од стресот и анксиозноста на долги рокови, но помага и на кратки „патеки“. Ако успеете медитацијата да ви премине во навика, не само што полесно ќе се справувате со стресот и анксиозноста, туку и ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. За почетници, се препорачува  медитација која се фокусира на здивот и дишењето.