Топ намирници кои го забавуваат стареењето

Кажете „стоп“ за стареењето и „да“ за младоста! Изберете храна која го продолжува животот. Сте се запрашале ли дали тоа е возможно? Според некои научници зеленчукот, овошјето, зелениот чај и храната богата со антиоксиданси ќе ви овозможат младост и убавина и ќе го успори процесот на стареењето. Па, ајде да започнеме!

Можеби брчките на лицето се прв знак дека започнал процесот на стареењето, но со текот на годините доаѓа до намалување на меморијата, намалување на мозочната функција, зголемен ризик од хронични заболувања како што се срцевите болести, остеопорозата и карциномот. Па, како да се заштитиме? Со примена на здрави животни навики кои вклучуваат редовна физичка активност, доволно одмор и сон, консумирање на здрава храна може да се подобри здравјето и во подоцнежните години.

Антиоксидансите се клуч за младоста

Одредени намирници содржат фитонутриенти, за кои се верува дека се клучот за долговечноста. Фитонутриентите кои се членови на фамилијата антиоксиданси, се борат со слободните радикали кои се едни од причинителите на болестите на срцето, карциноми, остеопороза и Алцхајмерова болест. Со процесот на стареење,телото станува осетливо од долготрајните ефекти на оксидативниот стрес (состојба кога во организмот има премногу слободни радикали) и воспаленија на ниво на клетката. Така започнуваат сите проблеми поврзани со стареењето.

Храната е клучна во зачувувањето на младоста

Мудриот избор на храна, практикувањето на здрави животни навики и намалувањето на стресот се клуч за вечна младост. За максимални резултати, треба да се јаде разновидна здрава храна, како што се:

Овошје и зеленчук

Сигурно веќе знаете дека овошјето и зеленчукот претставуваат ризница на антиоксиданси. А дали редовно ги консумирате? Експертите препорачуваат да се јаде најмалку 400 грама овошје и зеленчук на ден за да може да се искористат сите придобивки. Кога сме кај нив, почесто консумирајте:

  • лук
  • кромид
  • праз
  • зеленолиснат зеленчук
  • пиперки.

Храна богата со пробиотици

Киселото млеко и јогуртот поседуваат корисни својства, а покрај тоа содржат пробиотици кои го поттикнуваат растот на здравите бактерии во цревата. На овој начин се подобрува варењето на храната и се превенира појава на констипација (запек). 

Интегрални житарици

Започнете го денот со чинија житарици. Интегралните житарици богати се со растителни влакна кои помагаат за намалување на холестеролот во крвта, а имаат и фитонутриенти како зеленчукот и овошјето. Освен пченицата, во исхраната вклучете и овес, јачмен, хељда, просо и амарант.

Мешунки

Мешунките како гравот, леќата, грашокот и боранијата треба почесто да бидат вклучени во вашата исхрана. Потрудете се барем 4 пати во текот на неделата да ги имате на менито.

Јаткасто овошје

Оревите, лешниците, бадемите и другите јаткасти овошја се богати со витамините од групата Б, како и со здрави масти, кои помагаат за одржување на структурата и еластичноста на кожата. Доволно е да се јадат по 30 грама на ден, затоа што се богати со калории.

Вода      

Водата е од суштинско значење за хидратацијата на кожата, мускулите, крвотокот и за правилно функционирање на сите органи во телото. Препораките се да се пие по 8 чаши вода на ден.

Направете промени и подобрете го здравјето, а сочувајте ја младоста!

Може да ве интересира: Тинктура од камилица – како да направите и за што е корисна?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *