Солен колач со сирење

Кога станува збор за солените задовоства, топло ви препорачуваме да го пробате солениот колач со сирење. Неговата подготовка е многу лесна и брза, а има одличен вкус во кој ќе ужива целото семејство.

Солен колач со сирење

Состојки:

  • 350 грама брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 300 мл млеко
  • 4 јајца
  • 200 мл масло
  • 1 мала лажичка сол
  • сирење по потреба
  • сусам.

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени.
  2. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, квасецот и млекото. Измешајте ги со лажица.
  3. Во сад за матење ставете две од јајцата. Изматете ги со миксер, а потоа додајте го маслото и промешајте со лажица.
  4. Изматените јајца и маслото додајте ги во садот со брашното и квасецот, и измешајте. Треба да добиете течна, но полугуста смеса, малку погуста од онаа која ја припремате за палачинки.
  5. Смесата ставете ја во подлабока тава (број 30). Оставете го колачот двојно да нарасне.
  6. Потоа, над тестото изрендајте сирење во количина која вам ви одговара.
  7. Во сад за матење ставете ги преостанатите јајца. Изматете ги со миксер, а потоа матените јајца ставете ги врз колачот. На крај наросете сусам.
  8. Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете околу 20-тина минути, односно додека смесата добие црвеникава боја.
  9. Топлиот колач со сирење послужете го со чаша јогурт.