Сок од банани со мед

Сокот од банани се прави многу лесно, а доколку го вклучите во секојдневната исхрана ќе забележите неверојатни промени во вашето здравје. Почнувајќи од подобра дигестија на храната, намалено ниво на стрес и зголемена енергија. А, во продолжение дознајте како да направите сок од банани.

Сокот од банана може да го подобри целокупното здравје, а особено им се препорачува на пушачите, бидејќи ги намалува штетните последици кои ги предизвикуваат цигарите.

Состојки:

  • 2 банани
  • 120 мл млеко (може да користите и растително млеко)
  • 2 лажици мед
  • екстракт од ванила по желба.

Подготовка:

  1. Бананите излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
  2. Во блендер или кујнски сечко ставете ги парчињата банана, млекото и медот и се изблендирајте додека добиете густи сок.
  3. Во вака подготвениот сок од банани може да додадете по ваша желба и малку екстракт од ванила за подобар вкус.
  4. Сокот од банани консумирајте го за време на појадокот или како енергетски пијалак пред вежбање.

Може да ве интересира: Оброк салата со салатка, јајца и пченка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *