Маска за лице од лушпи од јајца

Доколку не сте знаеле, може да си направите домашна маска за лице со лушпи од јајца. Лушпата од јајце е богата со калциум и други важни минерали. Па, еве како да си направите маска или облога за лицето.

Иако звучи малку чудно и необично, оваа маска е многу делотворна и пријатно делува на здравјето на кожата на лицето. Пробајте ја уште во прва прилика и освежете си го лицето.

Состојки:

  • 2-3 лушпи од јајцa
  • белка од јајце.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Свежо скршените лушпи од јајца печете ги десетина минути во рерна загреана на 150 степени.
  2. Потоа, добро иситнете ги, а најдобро истолчете ги во аван додека се претворат во прав.
  3. Добиениот прав измешајте го со белката од јајце и нанесете ја маската на чисто и суво лице.
  4. Ќе знаете дека маската е сува и спремна да биде отстранета, кога лицето ќе почне да ве затега. Измијте го лицето со млака вода и нанесете крем за лице соодветен за вашата кожа.

Може да ве интересира: Природни третмани против опаѓање на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *