Американски палачинки со интегрално брашно

Омилени на сите! Вкусни, сочни и здрави! Сте размислувале како да направите оброк со кој нема да ги зголемите килограмите, а сепак да биде вкусен за јадење? – Tука се американските палачинки со интегрално брашно кои можете да ги комбинирате по ваш вкус.  

Од наведените состојки ќе добиете 10-тина американски палачинки, за целото семејство!

Состојки:

  • 70 грама интегрално брашно
  • 1 јајце
  • 125 мл млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • прстофат сол.

За прилог:

  • банана
  • јаворов сируп, мед или друг засладувач по желба
  • свежо или замрзнато овошје.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки.
  2. Во друг сад ставете ги јајцата, маслото, млекото и медот. Измешајте убаво со жица за матење.
  3. Во садот со сувите состојки додајте ја смесата со јајцата и млекото, и измешајте за да се соединат состојките. Смесата оставете ја да отстои за време од 15 до 20 минути.
  4. Тавата за палачинки намрсете ја со малку масло и добро загрејте ја. Со помош на лажица земете од смесата и формирајте палачинка.
  5. Печете околу минута и пол или додека забележите меурчиња по површината на палачинката. Потоа, превртете ја палачинката на другата страна и продолжете со печењето уште 1 минута.
  6. Топлите американски палачинки со интегрално брашно сервирајте ги свежо овошје, мед и јаткасти плодови по желба.

Можи да интересира: Солен колач со сирење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *